Технологијата за проток на воздух од 360° на Daikin овозможува најдобра удобност на пазарот и ја зголемува енергетската ефикасност за до 50%.
Лесно одржување
Опремена со специјален филтер со автоматско чистење, касетната единица за дување во сите насоки гарантира постојано работење и ја зголемува ефикасноста за до 50%. Правот што се собира при дневното автоматско чистење се собира во кутија, којашто може да собере прав собиран до 12 месеци.
Заборавете на скалите и техничарот за чистење. Сè што треба да направите за да го извадите правот од кутијата е да поврзете нормална правосмукалка.
Вистинска заштеда
Вулверхемптон, Обединето Кралство
По инсталирање на касетата со автоматско чистење, овој склад покажа 50% намалување на потрошувачката на енергија во споредба со претходно стандардно решение.
Создадена за удобност
Интелигентното око користи сензори за присуство за да забележи и да го пренасочи воздухот настрана од луѓе за да ги елиминира ладните провеви. Системот автоматски се вклучува на режим за заштеда на енергија или се исклучува кога ќе забележи празна соба. Дополнителните подни сензори се грижат температурата да остане постојана од подот до таванот.
Балансиран проток на воздух
Работата со агол од 360° овозможува совршено балансиран проток на воздух и истовремено ги отстранува мртвите точки. Системот за вертикално автоматско нишање автоматски го доставува воздухот подеднакво низ целата соба и ги намалува флуктуациите на температурата. Ова резултира со помалку циклуси на вкл/иск, со што се намалува потрошувачката на енергија и ја зголемува заштедата.
Направена за секоја соба
Со 23 различни шеми за проток на воздух, касетната единица за дување во сите насоки може да го задоволи секој тип на соба. Со далечинскиот управувач, прилагодливите воздушни капаци и дополнителните елементи за затворање значи дека може да создадете проток на воздухот во 2, 3 и 4 насоки за инсталација во ќош, блиску до ѕид или во соби со неправилна форма. Оваа функција е практична особено кога го преуредувате ентериерот, затоа што можете да го пренасочите протокот на воздух без да ја преместувате единицата.